Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Евстратиј беше римски војвода во градот Саталион, Евгениј му беше војнички другар, Орест беше исто така еден угледен војник, Аксентиј – свештеник, а Мардариј – прост граѓанин и земјак на Евстратиј, бидејќи обајцата беа од градот Аравракин. Царските намесници Лисиј и Агрикола го мачеа прво Акеснтиј, како свештеник. Кога го виде невиното страдање на христијанинот, Евстратиј сам се пријави пред Лисиј и изјави дека е христијанин. За време на неговото мачење истапи пред судијата и Евгениј и возвикна: „Лисиј и јас сум христијанин!“ А на Орест, кога нишанеше пред Лисиј, му испадна крстот од под облеката на градите, по што Лисиј го препозна дека е христијанин. Тогаш и самиот отворено исповедаше. Орест беше млад и прекрасен војник и во растот ги надвишуваше останатите. Аксентиј го убија со меч, Евгениј и Мардариј завршија во маки, Орест издивна сред усвитено железо, а Евстратиј – во огнена печка. Пред смртта, Евстратиј се причести во затворот од свети Власиј (се слави на 11 февруари). Подоцна неговите мошти беа пренесени во Цариград и положени во црквата со името на овие свети Петочлисленици. Во таа црква се случувало да ги видат и живи, а свети Орест му се јави и на свети Димитриј Ростовски (се слави на 28 октомври). Од свети Евстратиј остана една прекрасна песна што се чита на саботната полноќница: „Величаја величају тја, Господи!“
Денес се празнуваат Светите маченици Евстратиј, Аксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест
Друштво за трговија и услуги 24инфо ДОО Скопје упатува јавно извинување до Христијан Мицкоски од Скопје, за објавената невистинита вест…
Овие петмина храбри мажи светнаа како пет блескави ѕвезди во мрачното време на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан. Евстратиј беше…
Минатата недела во Гевгелија свечено беше поставен камен-темелникот на МЕГА шопинг парк – првиот модерен трговски центар на најпрометната туристичка…
Градежна компанија во Струмица вработува на следните работни позиции: - Тесари - Ѕидари - Армирачи - Машинист Сите заинтересирани за…
Македонската фудбалска легенда Горан Пандев беше поставен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации, по што даде оставка од…
Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот во 2025 година за улиците и патишта,…