Родум од гората Саварат, од племето Симеоново. Живееше и пророкуваше во 7 век пред Христа, за време на благочестивиот цар Јосија. Современик на Пророкот Јеремија. Имајќи голема смерност и чист ум воздигнат кон Бога, се удостои со проѕирање во иднината. Го прорече денот на гневот Божји; казната над Газа, Аскалон, Азот, Акарон, Ниневејија, Јерусалим, Египет. Јерусалим го виде како „град одметнички, осквернет, насилнички, во кого кнезовите се лавови што рикаат; судиите му се волци вечерни; пророците – фалбаџии, измамници; свештениците ја сквернат светоста, го изопачуваат законот“ (гл. 3). Кога го проѕре времето на доаѓањето на Месијата, восхитено воскликна: „Пеј ќерко Сионска; ликувај Израиле; радувај се и весели се со сето срце, ќерко јерусалимска!“ Овој тајновидец се упокои во местото на своето раѓање, за да го чека општото воскресение и наградата од Бога.
Денес се празнува Светиот пророк Софониј
Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои…
На 20.12.2024 во 16.10 часот во СВР Струмица-ОВР Радовиш бил лишен од слобода Б.И.(39) од село Дедино, поради постоење на…
Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека вредноста на суспендираните честички (PM10) од 100 мг/м3 е надмината на…
Откако беа забележани голем број беспилотни летала во источниот дел на САД, администрацијата на Џо Бајден објави дополнителни ресурси за…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека за разлика од порано, со…
Повеќе од еден милион евра годишно трошат општините на забавни манифестации и изведувачи… Најголем дел од парите одат кај пејачки…