Родум од Ликаонија. Беше овчар, а во сè го држеше Божјиот закон и ги поучуваше своите врсници и другари во благочестието. Преку некое видение дозна дека ќе треба маченички да пострада за Христа. Во тоа време имаше големо гонење на христијаните во блискиот град Помпеопол од страна на некој Максимијан, управител киликиски. Во градот имаше некој златен идол на кого незнабошците му се поклонуваа. Созонт ги остави своите овци, отиде во градот, влезе во незнабожечкиот храм, му ја скрши раката на златниот идол, ја раздроби и им ја раздаде на сиромасите. Заради тоа, во градот настана голема тревога и незнабошците почнаа да го бараат виновникот. За да не пострада некој друг заради неговото дело, Созонт се упати кај управителот и се пријави себеси како христијанин и извршител на она дело. Мачителите најпрво го тепаа, а потоа го обесија на дрво и го стружеа со железни четки, а кога беше веќе на умирање го ставија на оган, каде што свети Созонт Му ја предаде својата душа на Бога. Пострада околу 304 година. Неговите мошти се покажаа како чудотворни и над нив беше подигнат храм посветен на светителот.
Денес се празнува Светиот маченик Созонт
22 ГОДИШНА СТРУМИЧАНКА ЛИШЕНА ОД СЛОБОДА ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ПОСЕДУВАЊЕ НА МАРИХУАНА!
Вчера во 20.50 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје…
XO КАФЕ ВРАБОТУВА ШАНКЕР/КА И КЕЛНЕР/КА ВО СТРУМИЦА – ПЛАТА И УСЛОВИ ОДЛИЧНИ!
Добро познатото место на Струмичани XO Кафе, вработува ШАНКЕР/КА И КЕЛНЕР/КА. Сите заинтересирани за подетални информации и пријавување, може да…
ВРАБОТУВАЊЕ ВО СТРУМИЦА: СПОРТСКИ ЦЕНТАР ПАНДЕВ БАРА КЕЛНЕРИ ВО КАФЕ БАР И КЕЛНЕР ВО РЕСТОРАНОТ!
Спортскиот центар Пандев во Струмица бара работници на следниве позиции: - КЕЛНЕРИ ВО КАФЕ БАР - КЕЛНЕР ВО РЕСТОРАНОТ Сите…
Денес се празнува Светиот пророк Јеремија
Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето…
Времето денес ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд
Времето денес ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20…
Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ: Социјалната населба за сместување на социјално загрозени…