Овој свет маченик пострада за Христовата вера заедно со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, мирјани, жени и деца. Арета беше управител на градот Негран, во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин, Дунаан, свиреп гонител на христијаните. Решен наполно да ги истреби христијаните од својата земја, тој го опколи христијанскиот град Негран и најпрво им порача на граѓаните дека ако не се одречат од Христа сите ќе ги убие. Граѓаните ги затворија портите, па Дунаан безуспешно напаѓаше на градските ѕидини. Тогаш беззакониот кнез им се заколна на граѓаните дека нема да им направи ништо, само ако му ги отворат портите за да влезе и да го собере данокот што му го должеа, па потоа веднаш ќе се оддалечи. Христијаните поверуваа и ги отворија портите. Тогаш кривоклетниот Евреин го повика кај себе старецот Арета со сите клирици и другите угледни граѓани и сите ги уби со меч. А потоа направи страшен колеж по градот. Кога слушна за ова византискиот цар Јустин многу се нажали и му напиша писмо на етиопскиот цар Елезвој да појде со војска против Дунаан и да ја одмазди невината христијанска крв. Елезвој го послуша Јустин, удри со војска на омиритскиот кнез, го победи, му ја погуби целата војска, а него го уби со меч. За Омиритски кнез по Божјо откровение беше поставен некој побожен човек Аврамиј, а за архиепископ Омиритски, повторно по Божјо откровение – свети Григориј (се слави на 19 декември). Христијаните во Негран го обновија храмот на Света Троица којшто Дунаан го беше изгорел и му подигнаа и посветија храм на светиот маченик Арета и на останатите Негрански маченици. Пострадаа и примија маченички венци во 523 година.
Денес се празнува Светиот маченик Арета
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција најави две реформи во сферата на социјалната заштита. Едната, рече, ќе биде изготвување софтверско…
На синоќешниот состанок на Извршниот одбор на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), Локалниот клуб (ЛК) во Струмица доби нов претседател.…
Фејсбук објава на РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ: https://www.facebook.com/roditelskifront/posts/pfbid0U5NMUQWcNMA6xczkaAfKwzfoCK8n8W9KUfg5547ZDWDedbH4hMdSgEedtFf5r332l КОИ СЕ ЛУЃЕТО ШТО ВО ИМЕ НА ЦЕЛА ДРЖАВА ОДЛУЧИЈА ПРЕСТИЖНА ДРЖАВНА НАГРАДА ДА…
Се вработува ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР за фирми во Швајцарија. ЗАДАЧИ Дизајн на креатива за социјални медиуми Дизајн на постери, флаери, банери…
Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес. Тој војвода…
Се продава стан во зграда „Менхетен“ во населба „Карпош“, Струмица. Вкупна површина на станот е 105м2 на приземје! Станот содржи:…