Денес се празнува Светиот апостол Тит

септември 7, 2023

Еден од седумдесетте. Роден е на Крит и воспитан со грчката поезија и философија. Во една прилика, тој зеде да го чита Пророкот Исаија и се посомнева во елинската мудрост. Откако слушна за Господа Исуса Христа, дојде во Јерусалим со уште некои Критјани и лично ги слушна зборовите на Спасителот и ги виде Неговите силни дела. Неговото младешко срце се прилепи за Христа. Подоцна беше крстен од апостол Павле, кому во евангелското дело му служеше како на татко. Павле толку го возљуби Тит, што го нарекуваше ту син (Тит 1,4) ту брат (2Кор. 12,18). Тит многу патуваше со големиот апостол на народите и од него беше поставен за епископ Критски. При Павловото страдање во Рим беше присутен и Тит, којшто чесно го погреба телото на својот учител и духовен отец. Потоа се врати на Крит и таму со голем успех ги крштеваше незнабошците и мудро управуваше со Црквата Божја до длабока старост. Се упокои во деведесет и четвртата година од својот живот

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ