Матеј беше син на Алфеј, најпрво цариник (т.е. собирач на данок или митар) и како таков него го виде Господ во Капернаум и го повика: „Врви по Мене.“ И откако стана, тргна по Него (Матеј 9, 9). Потоа Матеј Му приреди дочек на Господ во својот дом и даде повод Господ да изрече неколку големи вистини за Своето доаѓање на земјата. Беше вброен помеѓу дванаесетте апостоли. Откако Го прими Светиот Дух, свети Матеј го проповедаше Евангелието во Партија, во Мидија и во Етиопија, земјата црнечка. Во Етиопија го постави за епископ Платон, свој следбеник, а самиот се повлече во молитвена самотија во гората каде што му се јави Господ. Ги крсти жената и синот на кнезот на таа земја, заради што кнезот се разгневи и испрати стража да го доведат Матеј пред него на суд. Војниците отидоа и се вратија кај кнезот говорејќи дека го слушнале гласот Матеев, но никако со очите не можеле да го видат светиот апостол. Тогаш кнезот испрати друга стража. Кога и оваа стража му се приближи на апостолот, него го огреа небесна светлина толку силна, што војниците не можеа да гледаат во него, но исполнети со страв го фрлија оружјето и се вратија. Тогаш кнезот сам појде. Кога му се приближи на свети Матеј, овој заблеска со таков блесок, што кнезот одеднаш ослепе. Но светиот апостол имаше милостиво срце, Му се помоли на Бога и кнезот прогледа – за жал прогледа само со телесните очи, не и со духовните. Тој го фати свети Матеј и го подложи на лути маки. Имено, на двапати ложеше голем оган на неговите гради. Но, силата Господова го сочува жив и неповреден. Тогаш, апостолот Му се помоли на Бога и Му го предаде својот дух. Кнезот нареди и телото на маченикот го положија во оловен ковчег, па го фрлија во морето. Светителот му се јави на епископот Платон и му кажа за своето тело и за сандакот каде се наоѓаат. Епископот отиде и го донесе ковчегот со телото на свети апостол Матеј. Кога го виде ова ново чудо, кнезот се крсти и го прими името Матеј. Потоа овој кнез ја остави сета светска суета и прими презвитерски чин, па богоугодно ѝ послужи на Црквата. Кога умре Платон, му се јави на овој Матеј самиот апостол Матеј и го посоветува да го прими епископството. Тој беше многу години добар пастир, додека Господ не го повика во Своето бесмртно Царство. Светиот апостол Матеј го напиша Евангелието на еврејски јазик, коешто набрзо беше преведено на грчки и до нас дојде на грчки, додека она на еврејски се изгуби. За овој евангелист се вели дека никогаш не јадел месо, а се хранел со овошје и зеленчук.
Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Матеј
До петок времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи со променлив интензитет. Во четврток наместа врнежите ќе бидат пообилни…
Да се подготви натпревар по математика за средношколци кој ќе биде привлечен за потенцијалните учесници е вистински предизвик, особено кога…
СЕ БРАБОТУВА ИНЖЕНЕР ЗА БЗР И ППЗ ВО РУДНИКОТ „БУЧИМ“
РАБОТНИ ЗАДАЧИ: • Изработка и имплементација на план за безбедност: Развивање и имплементирање на безбедносни протоколи за работниците на површинскиот…
Се продава нов стан од 59 м2 на четврти спрат во близина на „Пиликатник“ во Струмица готов за вселување. Цена:…
Денес се празнува Светиот свештеномаченик Зиновиј и сестра му Зиновија
Од градот Егеј во Киликија. Од родителите ја наследија вистинската вера, но и големо материјално богатство. Ревнувајќи за верата со…
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а…