Денес се празнува Свети Вукол, епископ Смирненски

февруари 19, 2024

Ученик на свети Јован Богослов, којшто и го посвети за епископ на градот Смирна. Во Смирна тогаш имаше малкумина крстени. Свети Вукол блескаше сред темнината на незнабоштвото како јасна свеќа. Се одликуваше со сите добродетели, а особено со благост и со кротост. Пред смртта, Вукол го посвети за свој наследник во епископството славниот Поликарп, а самиот мирно се упокои и отиде кај Господа.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ