Роден е во Италија од благочестиви родители. Најпрво беше ѓакон кај папата Сикст III, а по неговата смрт, и покрај неговото противење, го издигнаа на престолот на римскиот папа. Кога Атила со Хуните дојде близу Рим и се подготвуваше веќе да го разори и запали овој град, Лав излезе пред него во архијерејска облека, го скроти гневот на хунскиот водач и ја оттргна пропаста од Рим. Колку што врз Атила подејствува советот на светиот човек толку го уплаши и видението на светите апостоли Петар и Павле кои стоеја покрај Лав и со пламени сабји му се закануваа на Атила. Овој папа не само што го спаси Рим туку ја помогна и заштитата на Православието од Евтихиевата и Диоскоровата ерес. Таа ерес се состоеше во слевањето на Божествената и човечката природа кај Христос во една и следствено – одрекување на двете волји во личноста на Спасителот. Заради ова беше свикан Четвртиот Вселенски Собор во Халкидон, на којшто се прочита посланието на светиот папа Лав, коешто тој прво го напиша па го положи на гробот на свети Петар, а свети Петар го исправи. Пред смртта, четириесет дена помина во пост и молитва на гробот на апостолот Петар, молејќи го да му јави дали му се простени гревовите. Апостолот му се јави и му кажа дека сите гревови му се простени, освен гревовите на ракополагањето свештеници (во што се гледа колку тежок е гревот на недостојното ракополагање). Светителот повторно се предаде на молитва се додека не беше известен дека и тие гревови му се простени. Тогаш мирно Му ја предаде душата на Господ. Свети Лав се упокои во 461 година.
Денес се празнува Свети Лав I, папа Римски
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…