Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово, заради што е наречена Магдалина. Претходно мачена од седум зли духови, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресветата Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господа трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, таа Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вториот пат заедно со останатите жени Мироносици. Отпатува во Рим, излезе пред кесарот Тибериј и предавајќи му црвено обоено јајце го поздрави со зборовите: „Христос воскресна!“ Тогаш пред кесарот го обвини Пилат за неправедната осуда на Господа Исуса. Кесарот го прими нејзиното обвинение и го премести Пилат од Палестина во Галија, каде овој неправеден судија го заврши животот, во царска немилост и во тешка болест. Потоа од Рим се врати во Ефес кај светиот Јован Богослов, на кого му помагаше во делото на проповедањето на Евангелието. Со огромна љубов кон воскреснатиот Господ и со голема ревност му го јавуваше Евангелието на светот, како вистински Христов апостол. Се упокои мирно, во Ефес, и според преданието погребана е во истата пештера во која биле чудотворно успиени во стогодишен сон седумте отроци, потоа оживеани, па повторно умрени (17 август). Моштите на светата Марија Магдалина подоцна се пренесени во Цариград. Во близина на Гетсиманската градина се наоѓа прекрасен руски храм кој ѝ е посветен на оваа светителка.
Денес се празнува Света Марија Магдалина
За време на Студената војна, американската Централна разузнавачка агенција спроведе неверојатни експерименти кои го надминаа вообичаеното разбирање на науката. Еден…
Понудите за работа од компанијата на Илон Маск се достапни на официјалната веб-страница на компанијата, каде што нудат плата од…
Шеесет и пет годишен струмичанец вчера бил уапсен откако полицијата кај него и во неговиот дом пронашла дрога. Од МВР…
Дали би сакале да бидете дел од тимот на старечкиот Дом "Астреон" с.Банско? Старечкиот дом "Астреон" сака да го прошири…
Грузија, која е просветлена во христијанската вера од светата рамноапостолна Нина, која е роднина на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, особено…
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…