Роден е во Нурсиската област во Италија, во 480 година, од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излезе како „ненаучен мудрец и разумен незнајко“. Побегна во еден манастир, каде прими монашки чин од монахот Роман и се повлече во една недостапна гора, па остана во една пештера трудејќи се околу својата душа повеќе од три години. Роман носеше леб и го спушташе со јаже од една стрмна карпа до влезот на пештерата на Бенедикт. Кога се прочу по околината, за да ја избегне човечката слава, побегна оттаму. Беше многу суров кон себеси. Еднаш кога го спопадна демонот на блудот, се соблече гол и се валкаше по коприви и трња сè дури не отстрани од себеси секаква помисла на жена. Бог му даде многу духовни дарови: беше прозорлив, исцелуваше болни, изгонуваше демони, воскреснуваше мртви, им се јавуваше на луѓето и на јаве и на далечина и во сон. Еднаш прозре дека чашата со вино што му ја дале е отровна. Ја прекрсти и таа пукна. Устрои дванаесет манастири, во секој од нив по дванаесет монаси. Подоцна се создаде посебен ред на бенедиктинци, којшто и денес постои во Римската црква. Шест дена пред смртта нареди да го отворат неговиот гроб кој беше подготвен од порано, бидејќи светителот го провиде својот крај. Ги собра сите монаси, ги посоветува и Му го предаде својот дух на Бога, Кому верно Му послужи во сиромаштија и чистота. Неговата родена сестра, Схоластика, живееше во еден женски манастир и по примерот на својот брат и самата се подвизуваше мошне строго и достигна големо духовно совршенство. Кога Свети Бенедикт ја испушти својата душа, двајца монаси, едниот на пат а другиот во една оддалечена келија, молејќи се, видоа истовремено идентично видение: пат од земјата до небото послан со скапоцени ткаенини и од страните осветлен со редици луѓе; на врвот од патот стоеше еден човек со неопислива убавина и блесок, а им рече дека патот за Бенедикт, кој Му е омилен на Бога, е подготвен. Од ова видение двајцата браќа дознаа дека нивниот игумен заминал од овој свет. Свети Бенедикт се упокои во 543 година.
Денес се празнува Преподобен Бенедикт
Освен дванаесетте големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа…
Среда е среќен ден, а посебно среќен беше за еден обложувач во Sport Life од Струмица, кој успеа со влог…
Полицијата одзеде боксирач од млад маж во Аеродром вчеравечер. - На 15.01.2025 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на…
Адиент, водечки глобален добавувач за автомобилски седишта, ја доби овогодинешната сертификација „Најдобар работодавец“, Top Employer и за својата организација во…
Експресен пат за Прилеп, делница Градско-Дреново. Инвестиција вредна 37.500.000 Евра 3 Клучки 4 Вијадукти 4 Надвозници 3 Подвозници Ги поздравуваме…
Слаткарница „Бисер“ вработува: ПРОДАВАЧКИ И ШОФЕРИ Заинтересираните за подетални информации и пријавување, може да се јават на следниот телефонски број:…