Децата од групата „Ластовички“ (5–6 години) од Клон 4 денеска ја посетија Територијалната противпожарна единица Струмица, каде одблизу се запознаа со работата на пожарникарите-спасители.
Со голема љубопитност и насмевки, најмалите имаа можност да ја разгледаат опремата и возилата што се користат при интервенции, како и да слушнат повеќе за секојдневните предизвици со кои се соочуваат пожарникарите.
Преку оваа едукативна посета, децата стекнаа нови знаења за безбедноста и значењето на брзата реакција во итни ситуации, а воедно се запознаа и со херојската улога на пожарникарите во заштитата на граѓаните.
Посетата помина во пријатна атмосфера, исполнета со детска радост, но и со важни пораки за одговорност и грижа за заедницата.



























