Данка Ристова потекнува од Струмица. Во семејниот дом од родителите живеела во сиромаштија. Пред 25 години се мажи во Ињево, но и тука судбината со сиромаштијата ја следи. Станува во 3 часот наутро за да набере повеќе тутун. Набрзо дознава дека сопругот е сериозно болен, а неговите бубрези повеќе не функционираат. Таа е принудена да биде и маж и жена во куќата, која протекува од сите страни, пишува ПРИКАЗНА.МК
– Се омажив пред дваесет и пет години, дојдов од Струмица во Ињево. Родив три деца. Со години живеев во заедница со деверите, свекрва и свекор. Во една соба живеевме пет души. Се молев да на заврне, зашто течеше од сите страни. Набрзо и сопругот се разболе, па останавме без приход. Живеевме од социјална помош и ако продадеме нешто од тутунот-започнува да раскажува Данка, за емисијата „Срце на дланка“.
Тешкиот живот и притисокот од него, нема да може да ги издржи поголемата ќерка, па, еден ден од искршените ѕидови, прокиснатиот кров и сиромашниот живот, таа среќата ќе ја бара во нов дом. Се мажи. За жал, само на свои 15 години. За да не повтори историјата и со помалата ќерка, еден ден тие одлучуваат да ги удрат темелите на новиот дом, со помош на нивната тешко спечалена заштеда.
Целосната вест може да ја погледнете со кликнување ОВДЕ.
ИЗВОР: ПРИКАЗНА.МК