ДАЛИ СТЕ СЛУШНАЛЕ ЗА ЕДЕН ОД НАЈСТРАШНИТЕ НАСТАНИ ВО ИСТОРИЈАТА? КАДЕ И КОГА БИЛО СОЗДАДЕНО НАЈГОЛЕМОТО ЦУНАМИ?

јануари 4, 2024

Вода што бесно удира до врвот на „Емпајр стејт билдинг“ звучи како научнофантастичен филм, но во реалноста не е толку невозможно.

Всушност, нашите океани имаат создадено бранови повисоки од некои од најпознатите светски знаменитости. Најголемото забележано цунами, кое ја погодило Југоистична Алјаска во 1958 година, било толку масивно што неговите ефекти и понатаму се чувствуваат.

Апокалиптичниот бран, кој достигнал 524 метри височина, навлегол во тесниот фјорд на заливот Литуја, откако земјотрес со јачина од 7,8 според Рихтеровата скала ја погодил блиската тектонска граница.

Земјотресот предизвикал огромно лизгање на земјиштето и испратил 90 милиони тони карпи во заливот.

Сведоците опишале дека слушнале и почувствувале експлозивен удар додека скршената санта мраз лебдела стотици метри во воздухот, а се случило и мегацунами.

Рибарот Хауард Свонсон изјавил дека неговиот чамец бил подигнат толку високо на врвот на бранот, што погледнал надолу и видел шума со дрвја под себе.

Додека земјотресот ја тресел земјата, огромно парче се одделило од карпата, паѓајќи 610 метри во заливот.

– Ова создало реакција слична на паѓање на астероид во вода – пишува Советот за сеизмичка политика на Западните држави.

Сега, 65 години по несреќата, последиците и понатаму се видливи. Кога удрило цунамито, ја однело целата вегетативна покривка на шумата Литуја, откорнувајќи милиони дрвја од бреговите.

Благодарение на оваа „лузна“ на заливот, експертите успеале да откријат дека брановите на цунами достигнале помеѓу 200 и 524 метри височина.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ