Американската вселенска агенција НАСА открила егзопланета со големина на Земјата која кружи околу мала ѕвезда на далечина од околу 100 светлосни години од Земјата, јавува „Анадолија“.
„Transition Exoplanet Survey Satellite“ или (TESS) открил егзопланета со големина на Земјата која се наоѓа во „населива зона“ во соѕвездието Делфин (Дорадо) во орбитата, објавила НАСА.
Наведено е дека оваа егзопланета со име „TOI 700“ се наоѓа на оддалеченост од својата ѕвезда во орбитата која би овозможила постојана вода на површината на планетата.
„Ова е еден од ретките системи за кои знаеме со повеќе помали планети во погодни зони“, рекла научничката на НАСА Емили Гилберт.
Експертите претходно откриле три егзопланети наречени „TOI 700 b, c i d“ во систем со име „TOI 700“.
Новото откритие на „TESS“ се споделени на 241. годишен состанок на Американското астрономско друштво.
Мисијата „TESS“ почнала во 2018-та година и го следи ноќното небо во текот на 27 дена, односно најсјајните ѕвезди додека ја следи нивната промена во сјајот.