Граѓаните револтирани денеска споделуваат фотографии од новите цени низ маркетите на кашкавалот и млекото. Одреден кашкавал достигна цена и до 1.300 денари килограм, а млекото што насекаде низ Балканот е околу 60 денари, кај нас чини 95 денари.
„Не се издржува. Се е поскапено. Рекоа дека ќе се намалат цените, а тие оваа недела 2 пати се поскапени. И Млекото, кашкавалот, лебот. До кога вака?“ – прашуваат граѓаните
Дали е до светската криза, или пак маркетите сакаат да заработат на маката на граѓаните?