strumica denes logo

ДАЦИ ЗА СТРУМИЦА ДЕНЕС: ДВЕ ГОДИНИ ОДБИВАВ ДА ЗБОРУВАМ НА ЛОКАЛНИ МЕДИУМИ ИЛИ ПОРТАЛИ!

Автор:

Датум:

октомври 11, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 11, 2019

Категории:

Струмица

Еден од најдобрите стилисти за шминка и фризура во Македонија Драган Гоцев-Даци деновиве е доста актуелен низ медиумите ширум Македонија. Неодамна тој исто така гостуваше и во познатата емисија „Урбан Таг“ која се емитува на ТВ21. Она што е интересно за него во изминатиов период е дека Даци одбиваше да зборува на локални медиуми и портали.

„Одбивав да зборувам на локални медиуми и портали бидејќи најголемите критики и коментари ги добивав токму од таму каде што потекнувам, а насекаде низ државата добивав пофалби и она што го работам многу повеќе го почитуваа и величеа“. – вели тој.

Инаку, Драган Гоцев е стилист на многу познати јавни личности од нашата земја и пошироко. Во продолжение погледнете го неговото гостување во „Урбан Таг“ каде тој зборува за неговата желба, успеси и потешкотии да стане она што всушност е денес. Струмица Денес му посакува навистина да го следат многу, многу успеси во иднина!