ДА СЕ ЗНАЕ КОЈ Е КРАЛОТ: Новак со нова титула во Париз!

ноември 5, 2023

Точно. Да се знае кој е КРАЛОТ на тенисот. Новак Ѓоковиќ попладнево во финалето на мастерсот во Париз со 2:0 во сетови го победи Григор Димитров и успеа да дојде до 97-та титула во својата кариера.

Не дека Новак одигра којзнае како спектакуларно, но и тоа што го одигра беше сосема доволно да слави над бугарскиот тенисер.

Првиот сет Новак го доби со 6:4, додека во вториот беше 6:3.

И покрај здравствените проблеми, и покрај тоа што не е во најдобра форма поради стомачниот вирус, сепак никој ништо не му може во овој момент во светот на тенисот.

Уште еднаш, да се знае кој е КРАЛОТ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ