strumica denes logo

Да се покачи платата за 30% на сите – Бојчевски: Заборавете на партии, со овие плати не се издржува

Автор:

Датум:

септември 18, 2023

Автор:

Датум:

септември 18, 2023

Нема партиски притисоци во најавата за протестот на здравствените работници. Ова го тврди Боби Бојчевски, национален координатор во Независниот синдикат на здравствени работници во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој порачува да се заборават сите партии, бидејќи со овие плати кои што сега ги имаат, здравствените работници не можат да издржат. Тие до министерството за здравство имаат пет барања. Првото е 30 проценти покачување на плата на сите, почнувајќи од аминистративните работници, па се до докторите. Второто барање е нов колективен договор, потоа бенифициран стаж за оние кои работат на рендген и во психијатриски болници, четвртото барање е да се зголеми коефициентот и петтото барање е за големиот број млади луѓе кои работат под некаков договор на дело.

„Значи се работи само за пет барања, некој ако сака може да ги реши преку ноќ. Не се тоа некои големи барања. Поголеми барања беше барањето за плата 78 посто за терет на буџетот, отколку нашата плата од 30 посто. Нека пресметаат, колку сме, еве 25 илјади здравствени работници, да се види просечно платата колкава е и на тоа да се даде 30%проценти. Мора да истакнам, ние сме амортизери, недај боже ние да излеземе на улица. За тоа апелирам до власта, до министерот нека ги решат нашите проблеми кои се натрупале со години, не се од сега“, вели Боби Бојчевски.

Но, може ли да се протолкува дека најавениот протест е политички мотивиран со оглед на тоа што одамна Бојчевски е член на ВМРО ДПМНЕ. Бил претседател на општинскиот комитет во Бутел, но и кандидат за пратеник?

„Тоа е мое минато и не се срамам, се гордеам, тоа е до 21016 година. Поради семејни причини јас се повлеков од сите функции и од партиски и од сите. Поради семејни причини морав да бидам дома и да се посветам на семејството. Јас 10 години не бев никаде, ни сум партиски определен, ниту сега сум член на партија. Јас во Синдикатот се вклучив пред 2-3 месеци од тоа што ги слушав секојдневните разговори, меѓу луѓето, меѓу вработените“, вели Боби Бојчевски.

Тврди дека со опозицијата не разговарал за поддршка и апелирам до сите да заборават на партии, бидејќи, како што вели, никој нема да им го реши проблемот ако самите тие, заедно не се сплотат.