strumica denes logo

ДА ЈА НАПОЛНИМЕ САЛАТА: Премиера на претставата „Стјуардеси“ во Струмица – хуманитарно дело за малата Тијана!

Автор:

Датум:

август 22, 2025

Автор:

Датум:

август 22, 2025

На 26 август, со почеток во 20:00 часот, на сцената на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица ќе се одржи премиерата на театарската претстава „Стјуардеси“ од Марк Камолети, во адаптација и режија на Танкица Стојанова.

Настанот има хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на девојчето Тијана.

Билетите ќе бидат во продажба во „Вторник крафт бар“ кој се наоѓа во Старата струмичка чаршија, а сите заинтересирани можат да резервираат преку телефонскиот број 078 202 140.