ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СИТЕ ВО ЧЕТВРТОК, 14.09.2023, ВО 18:00 ЧАСОТ, НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО СТРУМИЦА- ЗА НАШИТЕ ДЕЦА!

септември 9, 2023

Објава на Родителски Фронт:

ДА ИЗЛЕЗЕМЕ СИТЕ ВО ЧЕТВРТОК, 14.09.2023, ВО 18 ЧАСОТ, НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО СТРУМИЦА- ЗА НАШИТЕ ДЕЦА!

(Против родовата идеологија и пропаганда)

Здружението на родители РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ на ден 14.09.2023 година, во четврток, со почеток во 18 часот, на плоштадот во Струмица организира промотивен настан- ЗА НАШИТЕ ДЕЦА- против родовата идеологија и пропаганда.

Ве повикуваме Вас, сите одговорни и загрижени граѓани: родители, роднини, пријатели, познаници од општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево да ја потпишете Петицијата “НЕ” за родовата идеологија во актите и документите во училиштата, а граѓаните на Општина Струмица да кажат и јасно “НЕ” за родовата идеологија во програмите и стратегиите во општина Струмица!

Со потпишување пристапници ќе имате можност со своите идеи и поддршка да се вклучите во редовите на нашата борба против родовата пропаганда и идеологија која родовите идеолози се обидуваат спротивно на постоечките закони да ја инфилтрираат во наставните програми во училиштата и животите на нашите деца.

Ги повикуваме директорите на училиштата, професорите, наставниците и целокупниот просветен кадар, како и советниците во Општина Струмица да се приклучат на овој гласен повик на РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ и да застанат јасно на Страна на Вистината!

Нашата гласност ќе ја искажеме со нашето присуство во што поголем број!

14.09.2023, 18 часот, градски плоштад Струмица

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ