strumica denes logo

ДА ГО ВРАТИМЕ РАКОМЕТОТ ВО СТРУМИЦА: Биди дел од тимот на Р.К Астраион – Бесплатен упис за сите нови членови кои сакаат да се приклучат на спортот!

Автор:

Датум:

септември 21, 2025

Автор:

Датум:

септември 21, 2025

Биди дел од тимот на Р.К. Астраион!

Ракометниот клуб „Астраион“ објави бесплатен упис за сите нови членови кои сакаат да се приклучат на спортот, другарството и адреналинската возбуда што ја носат натпреварите.

Тренинзите ќе се одржуваат во спортската сала „Парк“ според следниот распоред:

Понеделник од 16:30 часот

Среда од 17:00 часот

Четврток од 17:00 часот

За квалитетната работа со младите се задолжени лиценцираните тренери Александар Цонев (077-707-393) и Ристо Георгиев (072-274-032).

Од клубот порачаа дека ова е вистинска можност за сите млади љубители на ракометот да започнат своја спортска приказна и да станат дел од тимот на Астраион.