Во текот на овој месец во просториите на Домот на културата – Антон Панов во Струмица се одржа уште една активност , а тоа е промоција на книгата “Политиката и ефикасноста на Европол во полициската соработка при превенција и справување со организиран криминал“ на д-р Ромео Дробаров.
По поздравниот говор на промоторот на книгата г-ѓа Гонца Запрова и директорката на библиотеката Благој Јанков Мучето – г-ѓа Тања Гошева, книгата ја претстави истакнатиот научник и раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир проф.д-р Митко Котовчевски а после на присутните многубројни гости им се обрати и самиот автор.
Книгата се темели на научна и стручна анализа и видувања од академски работници и практичари и организации одсоодветната област, како и врз нормативно емпириското доживување на личните опити и искуства на авторот. Авторот е долгогодишен работник, истражувач и практичар во областа на спроведувањето на полициската соработка во превенција и справување со организираниот криминал.