Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Поднесовме иницијатива за организација на јавен превоз во општина Струмица!

октомври 21, 2022

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ,,За обнова на Македонија” поднесе точка на дневен ред за донесување одлука за отпочнување на постапка за организација на јавен превоз во Општина Струмица.

Нашата иницијатива ќе отвори можност Струмица да добие јавен линиски превоз. Струмица е голем град а оваа можност која постои во другите градови во државата и е скратена на струмичани.

Јавниот превоз ќе ни овозможи поефтина мобилност на граѓаните во Струмица и населените места, а ќе го намали сообраќајниот метеж и аерозагадувањето.

Одлуката предвидува и изготвување правилник за субвенционирање на постоечките превозници доколку се вклучат во јавниот линиски превоз.

Затоа на 15 седница на советот што ќе се одржи кон крајот на месецот побаравме да дискутираме по оваа прашања.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ