Со голема радост и гордост, Болница Мартини го одбележа раѓањето на своето прво бебе, природно и спонтано породување, што претставува посебен и значаен момент за целиот медицински тим.
Во Болница Мартини, секоја мајка добива врвна грижа и внимание, благодарение на професионалниот тим од акушерки и доктори кои се посветени на секој чекор – од првиот преглед до најважниот момент на раѓањето.
Со фокус на сигурност, топлина и индивидуален пристап, болницата создава пријатна и безбедна средина во која мајките и новороденчињата се чувствуваат згрижено и поддржано.
Тимот по акушерство и гинекологија во Болница Мартини секојдневно вложува знаење, искуство и срце во својата работа, градејќи доверба и сигурност кај пациентите.
Добредојде на свет, мало чудо, почеток на една нова и прекрасна приказна! 💚

























