strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

октомври 29, 2025

Автор:

Датум:

октомври 29, 2025

На денешната седница на Советот на Општина Струмица, со мнозинство од 14 гласа „за“, за нов претседател на Советот беше избран д-р Никола Маџунков.

Д-р Маџунков, кој е познат струмички гинеколог и активен член во општествениот живот на градот, ја презема оваа функција со заложба за конструктивна и транспарентна работа на Советот, насочена кон развој и унапредување на локалната заедница.

Изборот на новиот претседател беше донесен во демократска и работна атмосфера, при што советниците изразија очекување дека новото раководство ќе придонесе за поголема ефикасност во донесувањето одлуки и подобра соработка со сите институции во интерес на граѓаните на Струмица.