Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: За првпат во Струмица огромен број на граѓани поднесоа анкетни листови со забелешки против ГУП – Бараме да се повлече предложениот ГУП!

ноември 6, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани граѓани

Денешната јавна расправа само го докажа тоа што како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ го зборувавме изминатиот период. А тоа е дека овој предложен ГУП не е прифатлив за граѓаните, дека не е транспарентен, не е еколошки и не ги штити подеднакво интересите на сите граѓани❗

Граѓаните не го подржуваат предложениот ГУП❗

За прв пат во Струмица, огромен број на граѓани поднесоа анкетни листови со забелешки против ГУП❗

Ваков предложен ГУП не ги почитува законските регулативи за негово носење- преку ненавремено формирање на партиципативно кое е битно за инклузија на заедницата во креирање на ГУП❗

Затоа бараме да се повлече предложениот ГУП со сите забелешки, да се преработи за да може да ги заштити подеднакво интересите на целата заедница во Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ