Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Костадинов излегува со уште еден доказ за неговата НЕСПОСОБНОСТ во одржување на водоводниот систем во Струмица и обезбедување на чиста вода.
Не е јасно кој и како му прави притисок и зошто би му правел ако досега работел исправно, правично и во интерес на граѓаните.
Вчера, Костадинов и ЈПКД Комуналец излегоа со доказ од акредитирана лабораторија дека водата е чиста и е за пиење. Додека СЕУШТЕ НЕМА ДОЗВОЛА од државните институции и Агенција за храна и ветерина дека водата е за пиење!
Со ова сметаме дека внесува забуна кај граѓаните во Струмица која може да доведе до сериозни последици по нивното здравје и уште поголема епидемија на цревни болести во Струмица.
Да потсетиме, ЈПКД Комуналец сам објави дека водата не е за пиење. Од соодветните институции беше констатирано дека водата има количина на метали и бактерии кои ја прават небезбедна за пиење. После тоа на ЈПКД Комуналец му беше наложено да превзема соодветни мерки за чистење на филтри и други методи во филтер станицата за да се обезбеди чиста вода. Што Комуналец и го направи!
После сето тоа чистење и хиперхлорирање на водоводниот систем, Костадинов излегува со анализа дека водата е питка – и се жали дека му вршат притисок.
Датумот на анализата е дискутабилен сеуште!
Сето ова ја докажува неговата НЕСПОСОБНОСТ и дека со години нема направено ништо да инвестира во чиста вода за пиење и дека поради запуштеност и неодржување на системот настана еколошка катастрофа и цела Струмица имаше закана по здравјето.
Со сето ова Костадинов ја урива довербата на граѓаните во јавното претпријатие Комуналец.
ЈПКД Комуналец е јавно претпријатие на сите, и е во служба на граѓаните и не смее да служи за потсмев и да биде извор на паника.
Костадинов се замолува поради неспособност да си даде оставка.
P.S. Оваа слика од вода е денешна, се моли Костадинов прв да ја испие.