Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
На денешната седница, на иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, имаше точка на дневен ред за Советнички прашања.
Сите советници од Коалицијата за подобра Македонија поставија прашања до г. Костадин Костадинов и сите прашања произлегоа од проблемите на граѓаните во Општина Струмица.
Г. Костадинов наместо да даде конкретни одговори кои ги мачат граѓаните во нашата Општина се послужи со ароганција и манипулации, својствени за владеењето на СДС во Р. Македонија.
Наместо да ја обвинува опозицијата што му ги постави прашањата од граѓаните, потребно е да си ја преиспита сопствената татктика.
Костадинов не одговори зошто сите започнати проекти во Струмица никако не се завршуваат. Постојано води празна кампања со слики по медиуми и без реализација на ниту еден капитален проект.
Додека другите општини добија јавен превоз, булевари, нови канализациони мрежи и нови сообраќајни решенија, Струмица доби градилишта за да послужат за сликите на г. Костадинов.
Домот на Кулурата во Куклиш не се работи, од ветените 3 булевари нема ништо, незавршен мост, нема нов пазар кој го ветуваат со години, крах на јавните претпријатија се реалноста од арогантното и своеволно управување со Општина Струмица.
Проектите на г.Костадинов се само на социјалните медиуми. Очигледна е нервозата за нереализираните ветувања, за најслабиот во низата градоначалници на СДС, кој со евтини финти се обидува да добие внимание.
Неработењето на г. Костадинов, своеволието и штитењето на поедини интереси, струмичани ќе ја оценат на наредните избори.