Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Општина Струмица ја пропушти шансата да биде прва општина која ќе субвенционира фотоволтаични системи во домаќинствата!

февруари 1, 2023

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Општина Струмица ја пропушти шансата да биде прва општина која ќе субвенционира фотоволтаични системи во домаќинствата, бидејќи градоначалникот Костадинов го одби амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ при креирањето на минатогодишниот буџет.

Струмица пропушти да биде прва општина која ќе ги субвенционира своите граѓани и пропушти активно да учествува во намалување на загадувањето, бидејќи со фотоволтажни субвенции домаќинствата ќе ги стимулиравме да се греат на инвертери а не на дрва кои се причина за најголемо загадување.

Амандманот на ВМРО-ДПМНЕ предвидуваше средства од 10 милиони денари за субвенции на фотоволтаици, а средствата требаше да бидат обезбедени со пренамена на средствата за ситен инвертар во Општина Струмица.

Општините водени од ВМРО-ДПМНЕ почнаа со имплементирање на овој проект со кој граѓаните ќе почуствуваат директен бенефит и олеснување на домашниот буџет.

Фотоволтаиците се идинината во енергетската инфраструктура. Како што ветивме и на избори ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за имплементирање на овој проект.

За жал Костадинов и СДСМ за фотоволтаиците имаат друга политика. Одбраа да се задолжат со огромни суми за поставување на фотоволтаици на комуналното претпријатие, со кој директен бенефит нема да имаат домаќинствата, туку ќе се покриваат недостатоците од лошото менаџирање.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ