Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Недомаќинско и тоталитарно работење со Општина Струмица!

јуни 6, 2023

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ, СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ:

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ има забелешка на повеќе точки од дневниот ред за последната седница на Совет на Општина Струмица, на која се покажа нетранспарентниот и тоталитаристички начин на работа со општината.

Имаме забелешки на извештајот за прв квартал од Буџет на Општина Струмица каде се позабележлив е малиот процент на капитални приходи, односно приходи од продажба на земјишта.

Свесни сме сите за се поголемиот број на згради кои се градат, посебно во населба Карпош, меѓутоа тоа не се гледа во бројките од извештаите и во приходи.

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, има забелешка и на малиот процент на реализација на капитални инвестиции. Односно нема никакви капитални инвестиции во социјална заштита, локален економски развој, енергетска ефикасност, заштита и спасување и други програми. Главните капитални инвестиции во овој квартал се во програмите градоначалник и општинска администрација.

Тоа се капиталните инвестии кои треба да го подобрат животот на граѓаните во Општина Струмица!

Како точка на дневен ред беше ставен и ребаланс на Буџет, по само 5 месеци изминати од оваа година.

Со ребалансот се предвидува кратење токму од програмите каде има мал процент на реализација а кои се битни за граѓаните и општина Струмица. Се крати од програма за локален економски развој и туризам, од програма за животна средина, образование, култура и многу други програми, без соодветно зголемување на средства во програми кои се битни за граѓаните.

Недомаќинското работење со Општината, ратите за милионските кредити за неуспешни проекти и превработеноста во општинска администрација сериозно влијаат врз работата на Општина Струмица и реализација на проектите.

Ребалансот е пример за недомаќинско работење и е без план каде се пренасочуваат средствата кои се кратат од битни програми.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: