Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја поздравуваат и силно ја подржуваме иницијативата на историчарот Јане Киров: ИНИЦИЈАТИВА ДО ОПШТИНА СТРУМИЦА УЛИЦАТА „МАРА МИНАНОВА“ ДА ГО НОСИ ИМЕТО „СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ“
Струмица е град на познатата Струмичка петорка која кај младите е мотив за ширење на македонската национална свест.
Делото на струмичките студенти Пецев, Белев, Топчев, Јармов и Костуранов треба да бидат достојно врежани во струмичката свест.
Во нивна чест и секогаш да бидат во наше сеќавање!