Д-Р ЈАДРАНКА ПОЦКОВА: Посетата на штитениците во Банско во пресрет на новата година е дел од мојата задолжителна агенда секоја година!

декември 26, 2022

Д-р Јадранка Поцкова, пратеник во собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Деновите што претстојат во својата празничност се можност да ги посетиме најблиските и да сме секогаш тука за оние на кои сме им најпотребни.

Посетата на штитениците на Заводот за Рехабилитација во Банско во пресрет на Новата Година е дел од мојата задолжителна агенда секоја година во придружба со колешката Ели Панова, претседателот на ОК на Вмро-Дпмне Жан Дрвошанов и претседателката на УЖ Евица Трајанова.

Нашите средби служат за да го зацврстиме пријателството, да ја утврдиме меѓусебната доверба и надежта во подобар заеднички изграден социјален, здравствен или образовен систем.

Подадените раце и насмевката нека ни бидат спомен на годината која ни изминува и симбол на подобрите очекувања од Новата 2023 Година !

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ