Големи пофалби за младата докторка од Струмица Елена Китанова која во Дојран успеала да спаси млада девојка која се удавила во водите на Дојранското Езеро.
„Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката Елена Китанова и сестрата кои беа дежурни во Дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност и’ го вратија животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари“. – пишуваат на фејсбук граѓаните кои биле присутни.