Perdormire
Струмица

Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа 29-та седница!

Членовите на Советот на општина Струмица денеска ја одржаа 29-та седница. На седницата беа усвоени кварталниот извештај за извршувањето на Буџетот на општина Струмица за третиот квартал од 2019 година, предлог одлуката за измена и дополнување на Буџетот на општина Струмица за оваа година и предлог програмите за измена и дополнување на Програмата на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа, за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица, за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот, за измена и дополнување на Програмата изградба и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Струмица, за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици на територијата на општина Струмица, за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2019 година, за измена и дополнување на Програмата за активностите на општина Струмица за областа на социјалната заштита и заштитата на децата во 2019 година, за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на културата, за измена и дополнување на Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи и предлог планот на програмите за развој, сите за 2019 година.
На седницата зелено светло добија и предлог одлукит за определување на надоместок за учество во работата на работни тела, избрани и именувани од Општина Струмица, за измена и дополнување на Одлуката за резервирање средства за експропријација во Буџетот на општина Струмица за 2019 година, за дополнување на Одлуката за давање на согласност за издавање под закуп на објекти во сопственост на општина Струмица, за давање на трајно користење на деловни простории на Министерството за труд и социјална политика, за давање на трајно користење на објект во населено место Куклиш на ЈОУДГ „Детска радост “ во Струмица, за отпочнување со работа и вршење на дејноста – детска градинка на ЈОУГД „Детска Радост“ во Куклиш, за давање на трајно користење на објект во населено место Муртино на ЈОУДГ „Детска радост “ во Струмица и за отпочнување со работа и вршење на дејноста – детска градинка на ЈОУГД „Детска Радост“ Струмица, во Муртино, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1735 КО Свидовица.
Беа усвоени и предлог одлуката за усвојување на ЛОД – Методологија – Проект за јакнење на локалната демократија, програмата за работа на Општинската јавна установа – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Јоска Свештарот“ Струмица, за 2020 година, извештајот за работата на ЈП „Паркиралишта –Струмица“, за периодот 01.01. 2019 до 30.09.2019 година, предлог одлуката за пристапување кон измена и дополнување на Статутот на општина Струмица, нацрт одлука за измена и дополнување на Статутот на општина Струмица, а беа прифатени и предлог одлуките за доделување парична помош на Демирјаша Шавлев од Струмица и ДПТУ „Сапунџиеви КВ“ ДООЕЛ од с.Вељуса.