Home

Perdormire
Струмица

ЧЛЕН НА ЕКСПЕРТСКИ ТИМ: ОПШТИНА СТРУМИЦА Е ЕДЕН ОД ЛИДЕРИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕ СО ЈАВНИОТ ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ ВО ДРЖАВАТА!

Home

Општина Струмица е еден од лидерите во управувањето со јавниот финансиски менаџмент во државата, ваква оценка даде професорот Борче Треновски, член на експертскиот тим кој на денешната 48 седница на Советот на општина Струмица го презентираше Извештајот за оцена на перформансите на јавните расходи и финасиската одговорност на Општина Струмица (PEFA).

✅Посебно ми е чест што денеска сме во општина Струмица, една од општините лидери во делот од реформите поврзани со јавните услуги, со вклучување на јавноста и граѓаните во креирањето на политиките. Гледаме значајно подобрување во општина Струмица поврзано со собирање на сопствените приходи, во подобрување на внатрешната ревизија и стандардите поврзани со ефикасноста во управувањето со јавните ресурси, така што можеме да констатираме дека општина Струмица во споредба со другите општини во државата, е една од лидерите по промените, пред се, во јавниот финансиски менаџмент. Денеска во Струмица презентиравме Извештај кој се однесува на управување со јавните финансии во општините во нашата држава, а пред се бевме за општина Струмица и можеме да констатираме дека скоро по сите индикатори по коишто беше оценувана општина Струмица покажа исклучително високо ниво, рече Треновски.

✅Извeштајот е изготвен во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и имплементиран од УНДП по спроведувањето на обуките за зајакнување на општинските совети.