ЧИК ВАНЕ, ЏОЧЕ И ПЕЦКО ИГЛЕСИЈАС ДОАЃААТ ВО СТРУМИЦА НА 24 АВГУСТ ВО „АНТОН ПАНОВ“ – КАРТИ ВО КНИЖАРА „КУЛТУРА“

Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас доаѓаат во Струмица. Откако Дејан Малзарков во 2018 година успеа да ја наполни „Антон Панов“ до последното столче, на 24 август со почеток од 20:00 часот повторно на истото место ќе имаме можност да се смееме со неговите лудории. Карти во претпродажба може да пронајдете во книжара „Култура“ во Струмица по цена од 250 денари. Картите се во ограничен број, а шоуто е наменето за лица на возраст над 16 години.

Чик Ване, Џоче и Пецко Иглесијас ви гарантираат смеење до солзи.

Автор:

Датум:

август 19, 2022

Категории:

Струмица