Perdormire
Струмица

ЧЕСТИТКИ: СТРУМИЧАНЕЦОТ ГОРАН МИТЕВ НАЈБРЗ И НАЈДОБАР КЕЛНЕР, ЗАРАБОТИ „КЕЛНЕРСКА ДНЕВНИЦА“ ОД 15.000 ДЕНАРИ!

Home

Вечерва на плоштадот во Струмица во рамки на СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТИВАЛ 2019 се одржа јубилејната 10-та „Трка на келнери 2019“. Најбрзиот и најдобар келнер беше  Горан Митев кој заработи „келнерска дневница“ од 15.000 денари.  Додека траеше натпреварувањето публиката ја забавуваше талентираната струмичанка Ангела Илиева, а покровители на „Трката на келнери“ беа општина Струмица, Пивара Скопје, Фротирка и Прилепска Пиварница! Честитки.