strumica denes logo

Централниот регистар во Струмица бара извршител за вработување – плата 24.000 денари

Автор:

Датум:

октомври 12, 2018

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

октомври 12, 2018

Категории:

Струмица

Врз основа на член 14 став2, член22 и 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Р. Македонија” број 167/2015пречистен текст, 27/2016и 120/2018) ичлен 5, 6 и 7 од Колективниот договор на Централниот регистар на РМ број 01866/1 од 01. 06. 2018 година ичлен 24 став 1 точка 2 од Статутот на Централниот регистар на Република Македонија Службен весник на Република Македонија” број 45/2007 и 208/2015), a во врска со Одлуката за потреба од вработување наопределено време број 041803/1 од 03. 10. 2018 година, Централниот регистар на Република Македонија објавува 0глас за вработување за:

1 (еден) извршител со завршено образование Гимназиско или Средно стручно образование, на работно место Референт за регистрација, во РРК Струмица и основна плата 23. 991, 00 денари;

Кандидатот кој ќе сепријави на Јавниот оглас, треба да ги исполнува општите услови:

  • да е државјанин на Република Македонија;
  • активно да го користи македонскиот јазик;
  • да е полнолетен;
  • да има општа здравствена способност за работнотоместо и со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
  • Работниот однос се заснова со полно работно време, со неделно редовно работно време од 40 часа (5 пет работни дена во неделата)

Дневното работно време трае 8 часа и започнува во 8, 00 часот a завршува во 16, 00 часот.

Во прилог на пријавата кандидатитетреба да ги достават следните документи (копии):

  • Пријава со кратка биографија (CV);
  • Уверение за државјанство;
  • Копија од лична карта;
  • Доказ за општа здравствена способност за работното место (Лекарско уверение);
  • Доказ дека со правосилнасудска пресуда не му е изречена прекршочна санкција, односно казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  • Уверение (Диплома) за завршено образование;
  • Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
  • Потврда за активно познавање на еден одтрите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски);
  • Доказ за потребното работно искуство (се докажува со Потврда од АВРМ или Фонд за ПИОМ) и институцијата во која работел кандидатот.

Заинтересираните кандидати, пријавата заедно со доказите за исполнување на условите по овој Оглас можат да ги достават во рок од 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето на огласот, непосредно до архивата на Централниот регистар на Република Македонија, бул. Кузман Јосифовски Питу број 1 или по пошта. Телефонза контакт 3 288 146, лице за контакт Андријана Анастасовска Китанова.