БУГАРСКИ ПОЛИТИЧАР НУДИ КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДА БИДАТ ЗАКОПАНИ ВО СТРУМИЦА СО ЦЕЛ ГРОБОТ ДА БИДЕ ПОЛЕСНО ПРИСТАПЕН ДО БУГАРСКИТЕ ГРАЃАНИ!

јуни 14, 2019

Високи претставници на бугарската партија ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов бараат Македонија да ги врати коските на Гоце Делчев кои во 1946 година биле донесени во Скопје по налог на тогашниот бугарски премиер Ѓорги Димитров.

Откако пред неколку дена Каракачанов кој е вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија се закани дека Македонија ќе биде блокирана за НАТО и ЕУ ако не ја смени историјата а министерката за надворешни работи Захариева изјави дека Гоце Делчев е Бугарин, добро информирани извори во Софија блиски на една владина партија тврдат дека кампањата за Гоце Делчев има повеќе цели.

Едната е додека на власт во Македонија е Зоран Заев да се направи обид за враќање на коските на Гоце Делчев во Софија што првично било одбиено од кабинетот на премиерот Бојко Борисов како радикална идеја која може да го загрози целиот договор за пријателство меѓу двете земји.

Втората е да се докаже дека Македонците се Бугари токму преку нивниот најголем револуционер.

Доколку владата на Заев го одбие барањето за враќање на коските на Делчев во Софија, компромисот би бил Делчев да биде прогласен за заедничко историско наследство на Македонија и Бугарија со што Македонците би се согласиле дека имаат дилеми за припадноста на апостолот на македонската револуционерна борба и практично би славеле бугарски револуционер.

Една од идеите која се турка од партијата на Каракачанов како компромис ако официјално Скопје одбие дислокација на гробот на великанот, е неговите коски да почиваат во заеднички македонско-бигарски мавзолеј во граничната зона меѓу Македонија и Бугарија кај Струмица со цел тој да биде полесно пристапен до бугарските граѓани.

Последната опција за бугарските националисти е доколку пропаднат сите нивни предлози по грчки урнек и саркофагот на Гоце Делчев и сите други за нив спорни споменици и објекти да бидат обележани како дел од бугарското културно и историско наследство.

Засега според членови на партијата на Каракачанов советниците на Борисов инсистирале овие барање да биде ставени под тепих се до приемот на Македонија во НАТО и да биде активирани подоцна при преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ