strumica denes logo

БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ВАСИЛЕВО СЕ КРЕИРА ЗАЕДНО СО ГРАЃАНИТЕ!

Автор:

Датум:

ноември 27, 2025

Автор:

Датум:

ноември 27, 2025

Општина Василево и годинава го спроведува процесот на планирање на буџетот на транспарентен и отворен начин, вклучувајќи ги граѓаните во дефинирањето на приоритетите и насоките за развој. Како што истакнува градоначалникот Славе Андонов, буџетот се креира во интерес на секој граѓанин, со јасна цел – секој денар да биде мудро вложен.

Граѓаните имаат можност да ги искажат своите идеи и предлози за тоа што е најпотребно во нивната улица, маало или населено место, а локалната самоуправа, преку отворен и одговорен пристап, ги согледува и вградува овие барања во буџетското планирање. На тој начин, како што појаснува Андонов, се создава реален, остварлив и развоен буџет, кој директно ги следи потребите на заедницата.

Фокусот на Општина Василево останува на инвестиции во инфраструктура, образование, комунални услуги, локален економски развој и подобрување на квалитетот на живот за сите жители. Градоначалникот потенцира дека одговорноста кон граѓаните е највисока обврска на општинското раководство и дека секоја одлука се носи со внимание и отчетност.

„Заедно го градиме Василево – модерен, уреден и уште подобар дом за сите“, е пораката што ја упатува градоначалникот Андонов, нагласувајќи дека партнерството со граѓаните е клучот за успешен и одржлив развој на општината.

  • Banner