strumica denes logo

Бучим донира 40 000 евра за Здравствен дом Радовиш по повод Денот на македонските рудари!

Автор:

Датум:

август 29, 2025

Автор:

Датум:

август 29, 2025

Со свеченост во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, соработници и претставници на локалната заедница, рудниците Бучим и Боров Дол го одбележаа Денот на македонските рудари – 28 август, празник кој е симбол на трудот, посветеноста и истрајноста на рударите.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: pukanki baner - strumicki pukanki cesmicka ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во своето обраќање, заменик генералниот директор на Бучим и Боров Дол, г-дин Ивица Карапетров, нагласи: „Со претстојното припојување на Боров Дол кон Бучим започнуваме ново поглавје во македонското рударство. Градиме стабилна и одржлива компанија која не е насочена единствено кон производството, туку и кон луѓето – вработените и заедницата. Се залагаме за создавање на средина во која секој вработен ќе работи безбедно, ќе има можност за професионален развој и ќе придонесува кон трајна вредност за идните генерации.“

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Во чест на празникот, Бучим ќе донира 40.000 евра на Здравствениот дом во Радовиш за целосна дигитализација на рендген машината. Со оваа донација ќе се овозможи побрза и поефикасна здравствена услуга, со што компанијата уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон подобрување на квалитетот на живот за локалната заедница.

Сите вработени во компанијата и оваа година добија парични награди за својот придонес во успехот, а 24 најуспешни беа одликувани со дополнителни бонуси како признание за нивните извонредни резултати, труд и посветеност. Наградите и признанијата се дел од стратегијата на „Бучим“ за вреднување на човечкиот капитал како најважен ресурс во рударството.

Радовиш и Бучим секоја година на 28 август потсетуваат на историскиот Штрајк на рударите во Лојане во 1929 година – чин што остави длабока трага во борбата за достоинство и работнички права, и кој претставува вечен потсетник дека рударството е дел од идентитетот и културното наследство на македонскиот народ.

Вчерашната прослава беше заокружена со концерт на групите „Нокаут“ и „Дивље Јагоде“ во центарот на Радовиш, со што празникот доби и културна димензија, обединувајќи ја заедницата во духот на почит и благодарност кон рударите.