strumica denes logo

БРЗ ВИКЕНД ДЕСЕРТ: Брауни колачиња со цели лешници

Автор:

Датум:

февруари 4, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Автор:

Датум:

февруари 4, 2023

Категории:

Рецепт, Струмица

Готови се за половина час, а овие брауни колачиња брзо ќе ви станат омилен десерт. Можете да ги комбинирате со разни состојки, а не треба да бидете врвен слаткар за да ги подготвите.
Брауни колачињата може да стојат до 3 дена на собна температура. Имаат блага крцкава кора, а внатре се меки и сочни, идеални за послужување со кафе или чај.

Освен лешници можете да додадете и суво грозје или друг вид суво овошје и да добиете уште побогат вкус, а може да користите и зачини како цимет и ѓумбир или пак да додадете чоколадни трошки.

Потребни состојки:

  • 250g темна чоколада за готвење;
  • 160g шеќер;
  • 2 јајца (со средна големина) и на собна температура;
  • 20g какао во прав;
  • 170g цели лешници;
  • 150g путер;
  • 90g брашно;
  • Прстофат сол.

Начин на подготовка:

  1. Се загрева рерната на 180 степени Целзиусови;
  2. Темната чоколада се топи во микровална или на пареа и се истура во подлабок сад за матење;
  3. Во друг сад се топи путерот и се додава на стопеното чоколадо, по што состојките се мешаат додека не се соединат;
  4. Во тавче на оган се ставаат лупените лешници за да се потпечат и се оставаат да се оладат;
  5. Во друг поголем сад за матење со миксер се матат јајцата со шеќерот додека не се добие густа смеса и на крај се додава прстофат сол;
  6. Изматените јајца и шеќер, се додаваат на мешавината од чоколада и стопен путер и сите состојки се мешаат со пластична шпатула додека да се соединат;
  7. Се додава брашно и какао и повторно смесата се мати со миксер;
  8. На крај се додаваат потпечените лешници и се мешаат со пластична шпатула;
  9. Смесата се префрла во плех обложен со хартија за печење и се порамнува со шпатула;
  10. Се пече на температура од 180 степени Целзиусови без вентилатор околу 25 минути;
  11. Колачите се вадат од рерна и се оставаат да се оладат во целост, а потоа се засекуваат на коцкички.