БРЕРА СТРУМИЦА ВО СРЕДА ОРГАНИЗИРА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА СЦ ПАНДЕВ – СЕКОЈ КРВОДАРИТЕЛ ЌЕ ДОБИЕ СПЕЦИЈАЛНА МАИЦА И ДВЕ ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАТПРЕВАР!

септември 29, 2023

Драги навивачи и Струмичани, Ве повикуваме да се приклучите на добротворната крводарителска акција која ќе биде организирана на СЦ Пандев во Среда, 4 Октомври, заедно со ОО Црвен крст на Република Северна Македонија и Службата за Трансфузиона медицина 🙏🏼🩸

Од 9 до 14 часот Ве очекуваме во просториите на СЦ Пандев, каде покрај дарување крв, ќе можете да се дружите и со нашите фудбалери и тренери. Секој крводарител ќе добие специјална маица ФК Брера Струмица и две карти за натпреварот со Гостивар кој не очекува викендот после крводарителската акција!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ