strumica denes logo

БРАВО ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ: КОСТА ЈАНЕВСКИ НОВОГОДИШНАТА НОЌ ЈА ЗАВРШИ СО ШТИТЕНИЦИТЕ ВО ЗАВОДОТ ЗА ЗАШТИТА И РЕХАЛИБИТАЦИЈА ВО БАНСКО!

Автор:

Датум:

јануари 1, 2019

Категории:

Струмица

Автор:

Датум:

јануари 1, 2019

Категории:

Струмица

КОСТА ЈАНЕВСКИ:

Почитувани сограѓани, ја започнавме Новата 2019 година. На сите ви посакувам многу здравје, среќа и просперитет. Среќна Нова 2019 година во првите часови од нејзиниот почеток, со моите соработници им посакавме на вработените кои новогодишната ноќ ја поминаа на своите работни места во Територијалната професионална противпожарна единица, Секторот за внатрешни работи, Фабриката за вода, Брзата помош, Нервното одделение во струмичката болница, Стоматолошката амбуланта и Центарот за управување со кризи и им подаривме пригодни подароци.
Новата година му ја честитавме и на новиот жител на општина Струмица, машко новородено бебе со штедна книшка од 20 илјади денари посакувајќи му весело и безгрижно детство.
Новогодишната ноќ ја завршивме со штитениците во Заводот за заштита и рехабилитација во Банско.