Вработените во Шумската полиција конечно добија бенефициран стаж, што претставува значајно решение за кое тие подолго време укажуваа дека е неопходно.
Од формирањето на Шумската полиција, прашањето за бенефициран стаж беше актуелно, но во изминатиот период не беше решено и покрај тоа што редовно се наоѓаше на масата на разговори.
Со најновата одлука, актуелната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, го финализираше процесот и овозможи вработените во оваа институција конечно да го добијат правото што долго време го очекуваа.