БРАВО: ВАСИЛИЈА ЃОРГИЕВА ОД СТРУМИЦА СО СВОЈ ПРВ РОМАН „БЕЗГРИЖНА“

октомври 13, 2023

Според темата која што ја обработува се класифицира во групата на крими – романи кој до самиот крај ќе ве држи во голема неизвесност, роман во кој нашата млада авторка до крај ја доловува важноста на жената во овој свет и тоа колку жената е космички симбол за обнова на светот, ликот на Мелиса Мартинез Хернандез која својата приказна ја започнува во затвор, а потоа ја продолжува на релација Италија-Македонија, приказна за една жена која е доволно послушна за да сака да го промени светот и да го обви портокалово.

Василија Ѓоргиева е родена на 11 октомври 2005 година во Струмица. Основно образование завршува во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ с.Дабиље, а сега е ученичка во четврта година во СОУУД ,,Димитар Влахов” – Струмица.

Твори и поезија и проза од своите тринаесет години и е добитник на многубројни награди, воедно е и голем вљубеник во медицината и од мали нозе ја сака борбата за човечкиот живот.

Наскоро повеќе информации за промоцијата на „БЕЗГРИЖНА“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ