strumica denes logo

БРАВО: УЧИЛИШТЕТО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ ЈА ПРЕТСТАВУВАШЕ МАКЕДОНИЈА НА НАТПРЕВАР ПО РОБОТИКА ВО БЕЛГРАД, СРБИЈА!

Автор:

Датум:

ноември 30, 2023

Автор:

Датум:

ноември 30, 2023

Училиштето СОУУД,, Димитар Влахов,, како претставник од нашата држава зеде учество на натпреварот Вукобратовичеви Дани на роботика и успешно се претстави со два тима Roboklik и Robotec. Натпреварот се реализираше во просториите на електротехничкиот факултет во Белград, Србија во период од 24-26 ноември. На овој интернационален натпревар учество зедоа два тима од СОУУД ,, Димитар Влахов,” во состав на: Иван Гудев, Звонко Христоманов, Јован Манилов и Методи Качурков под менторство на наставниците:Соња Ташева, Зорица Масникоса – Поп Трајкова и Македонка Гуџирова Попова.