Струмичкиот кик-боксер Петре Велков обезбеди пласман во полуфиналето на престижниот меѓународен турнир „WAKO World Cup Italy“, кој се одржува во Италија.
Велков денеска славеше во четвртфиналниот дуел против Heschemi Zahed од Швајцарија и со тоа си обезбеди место меѓу четирите најдобри во својата категорија.
Со оваа значајна победа, струмичкиот натпреварувач уште еднаш го потврди својот квалитет и подготвеност на големата меѓународна сцена, достојно претставувајќи ги Струмица, клубот К1 Арена и Македонија.
Според турнирската шема, Петре Велков утре во полуфиналето ќе се соочи со кик-боксер од Словенија, во меч што носи можност за пласман во големото финале на овој силен меѓународен турнир.
Настапот на Велков на „WAKO World Cup Italy“ е уште една потврда за квалитетната работа во струмичкиот кик-бокс и за потенцијалот на младите спортисти од овој град да бележат успеси и надвор од државните граници.



























