strumica denes logo

БРАВО: СТРУМИЧКИОТ КИК-БОКСЕР ПЕПИ ВЕЛКОВ ОСВОИ ПРВО МЕСТО НА СВЕТСКИ КУП ВО ТУРЦИЈА!

Автор:

Датум:

мај 18, 2026

Автор:

Датум:

мај 18, 2026

Струмичкиот кик-боксер Петре Велков уште еднаш ја израдува македонската спортска јавност, освојувајќи го првото место на Светскиот куп „Турција“ кој се одржува во Анталија, Турција.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА: ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Македонија на ова престижно меѓународно натпреварување настапува со тројца кикбоксери, а токму Пепи Велков беше оној кој блесна со извонреден настап и донесе голем успех за македонскиот кик-бокс.

Во финалната борба во сениорска конкуренција, во категоријата до 67 килограми во дисциплината лоу кик, Велков се соочи со домашниот натпреварувач Арслан Онурџан од Турција. Струмичанецот покажа одлична подготвеност, борбеност и шампионски карактер, успевајќи да го совлада својот противник и да се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал.

Овој резултат претставува уште една потврда за квалитетот и континуираниот напредок на Пепи Велков, кој со своите настапи веќе подолго време е еден од најуспешните македонски кик-боксери и горд амбасадор на Струмица на меѓународната спортска сцена.

Успехот на Велков е големо признание не само за него лично, туку и за македонскиот кик-бокс, кој продолжува достојно да се претставува на големите светски натпреварувања.