БРАВО: Струмичанецот Димитар Џорлев апсолутен шампион на седмата Меѓународна Олимпијада по експериментална физика!

декември 8, 2019

На 7 Декември 2019 во Скопје се одржа 7 Меѓународна Олимпијада по експериментална физика ЕПО 7 на која учествуваше ученикот Димитар Џорлев од СОУ “Јане Сандански” каде што беше прогласен за апсолутен шампион на олимпијадата. Олимпијадата оваа година беше под името “Ден на индуктивноста”.

Учениците се натпреваруваат по возрасти во S, M и L категории на истата експериментална задача, а најдориот од сите категории се прогласува за апсолутен шампион. Олимпијадата е во организација на Друштвото на Физичарите на Македонија (ДФРМ) и Софискиот Клон на Бугарското друштво на физичари. а оваа олипмијада учевство зедоа ученици од повеќе земји меѓу кои беа и ученици учесници на претходната Светска Олимпијада по физика (IPhO 2019) на која учевствуваше и Димитар Џорлев.

Инаку ова е уште еден во низата успеси на Џорлев кој оваа година беше на голем број натпревери од највисок ранг како што се IJSO 2018 Габороне, Боцвана, EuPhO 2019 Рига, Латвија и IPhO 2019 Тел Авив, Израел. Димитар голема поддршка добива исто така од директорката Невенка Стојанова и класниот раководител Петруш Џорлев!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: